Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Милошоски – Ле Риголер: Македонија треба да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ

Имајќи ги предвид геополитичките тенденции и случувања, потребно е процесот на проширување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имајќи ги предвид геополитичките тенденции и случувања, потребно е процесот на проширување на Европската унија да продолжи и Македонија да го продолжи својот пат кон полноправно членство во ЕУ, оценија на денешната средба потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски и францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер.

На средбата, како што информира собраниската прес-служба, се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката меѓу двете држави и за приближувањето на земјата кон членство во ЕУ.

Потпретседателот Милошоски ги поздрави традиционално добрите и пријателски односи меѓу Македонија и Француската Република при што нагласи дека меѓу двете држави постои отворен и конструктивен дијалог и континуирано унапредување на соработката во многу сфери од заемен интерес. Во изминатите години, рече, се забележува динамизирање на политичкиот дијалог на високо и највисоко ниво, кој е конструктивен и пријателски.

Реклама

Амбасадорот Риголер истакна дека Француската Република ја има усвоено Стратегијата за Западен Балкан за да ја поддржи Европската унија во приближување на регионот кон Европа, како и за да го зајакне политичкиот дијалог со земјите во регионот.