Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип

По години чекање, студентите конечно ќе добијат модерен и функционален студентски дом.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По години чекање, студентите конечно ќе добијат модерен и функционален студентски дом. Од јули започнува комплетната реконструкција на домот „Браќа Миладиновци“ во Штип, со што значително ќе се подобрат условите за живот и престој на студентите. Со инвестиција од околу 2,3 милиони евра, старата зграда ќе стане енергетски ефикасна, ќе добие нова фасада и кров, а ќе бидат поставени и фотоволтаични панели.

„Целосно опремување на студентските соби, со цел да се обезбеди поголем комфор на студентите. Ќе има комплетна реконструкција на кујната со обезбедување опрема по ХАСАП системи, целосна замена на водоводната и канализациската мрежа, како и на електричната инсталација, како и целосна замена на системот за греење“, изјави Гордана Барбашка, директорка на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип.

„Браќа Миладиновци“ е единствениот државен студентски дом во Штип, во кој престојуваат 130 студенти и 180 средношколци. Според планот, реконструкцијата на објектот треба да заврши во рок од 18 месеци. Во меѓувреме, објаснува Барбашка, се прават планови и анализи за нивно времено сместување, со цел никој да не остане без покрив над главата.

Реклама

„Како можна алтернатива за згрижување на учениците и студентите во тој период се вршат преговори со Министерството, така што детали сѐ уште нема, меѓутоа се прават напори сите студенти и средношколци да бидат згрижени и никој да не остане на улица“, изјави Гордана Барбашка, директорка на студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип.

Со проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови се опфатени вкупно девет студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Германската развојна банка.