Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Милиони долари се одливаат за стипендии за најдобрите студенти, а Македонија нема ќар

Милиони долари се одливаат за стипендии за најдобрите студенти, а Македонија нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милиони долари се одливаат за стипендии за најдобрите студенти, а Македонија нема ќар – потврдува последното истражување спроведено од Младинскиот образовен форум. Се инвестира во кадар кој наместо потоа да биде искористен, се дозволува бесплатно да се излева во западните развиени земји. Заради високото ниво на корупција, на секое поле, бирократизацијата и партиските предуслови за напредок, студентите не сакаат да останат во Македонија.

Според информациите на МОН, заклучно 2022/2023 учебна година, а почнувајќи од 2011, безмалку 400 стипендисти, по завршувањето дома, се запишале на еден од првите 100 универзитети согласно Шангајската листа на рангирање. За периодот од 2010 до 2013 година, од МОН не се доставени информации за доделени стипендии на додипломските студии.

„Поголениот број на студентите кои имаат заминат во странство се вратени и не се контактирани од институциите а тие кои се контактирани им се понудени непристојни понуди на работа“, вели Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум.

Реклама

Министерството за образование нема евиденција што со оние студенти кои решиле да се запишат и завршиле на едни од првите 100 универзитети согласно Шангајската листа и ги немаат ажурирано податоците за вработување како и местото на кое се ангажирани студентите.

Оние кои црпеле знаење од светски експерти, кога ќе се вратат во Македонија или не се контактирани, или пак не добиваат соодветна работна позиција согласно образованието.

Државата нема информации точни каде се тие студенти, не им понудува вработување соодветно и тие студенти си остануваат приватно да си бараат работа. Немаме податок, односно побаравме, а не добивме од МОН, врз основа на што и како државата одлучува на годишно ниво кои се тие области за кои имаме дефицит годинава и сакаме да ги стипендираме. Поголемиот дел од нив единствено доставиле потврда дека завршиле некакво образование или диплома, но никои од нив, односно многу мал број од нив добиле некаква понуда за работа која што не била соодветна исто така не била во рамките на шест месеци затоа што законската обврска за нив која произлегува од договорт е во рок од шест месеци да стојат на располагање, но понуди добивале или по една година или две“, вели Луција Чукеловска авторка на истражувањето „Неискористен студентски потенцијал“.

Стипендиите од МОН опфаќаат не само школарина, туку и трошоци за живот. Од Младионскиот образовен форум велат дека тие претставуваат огромна инвестиција од страна на Македонија која не ги дава резултатите.

Истакнаа дека постои и нетранспарнтност при процесот на распределба на стипендиите, како и ниско ниво на промоција на програмите. Велат дека секое ниво на образование до сега било предмет на експериментирање и дека е потребна ревизија на начинот на кој моментално се имплементира доделувањето на стипендиите.

Од МОФ велат дека во Македонија веќе повеќе од една деценија се случува одлив на мозоци, образвоен егзодус и бела чума. Младите си заминуваат, и најголем дел од нив одат во Америка, Велика Британија и Холандија.

Љубиша Владимиров