Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски и стручни тимови од двете институции, оствари официјална посета на Република Србија, во чии рамки се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, проф. д-р Драган Гламочиќ, како и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ.

Во фокусот на разговорите беа натамошното унапредување на соработката во земјоделството, ветеринарството и безбедноста на храната, како и создавањето услови за побрз, поедноставен и побезбеден промет на стоки меѓу Македонија и Србија.

На средбата со министерот Гламочиќ посебно беше разговарано за увозот, извозот и транзитот на живи животни, производи од животинско потекло и други земјоделско-прехранбени производи од двете земји, како и за практичните прашања со кои се соочуваат операторите при нивниот прекуграничен промет.

Реклама

Посебно внимание беше посветено на можностите за забрзување и поедноставување на ветеринарните и фитосанитарните постапки, при целосно почитување на стандардите за здравствена заштита на животните и безбедност на храната. Беше разговарано и за контролата на млекото и млечните производи и за потребата од поефикасна координација на надлежните служби.

Значаен дел од разговорите беше посветен и на примената на договорите и механизмите воспоставени во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, особено во областа на ветеринарството, фитосанитарната политика и безбедноста на храната и храната за животни. Иницијативата е насочена кон олеснување на движењето на стоки и намалување на административните процедури во регионот.

Воедно, беше разговарано и за примената на механизмите во рамките на ЦЕФТА, со цел натамошно олеснување на трговијата, поедноставување на процедурите, подобра размена на информации и документи меѓу надлежните институции и намалување на времето на задржување на пратките на граничните премини.

Министерот Серафимовски ја истакна важноста на практичната соработка меѓу институциите на двете земји и потребата договорените механизми да дадат конкретни резултати за земјоделците, производителите и компаниите, преку побрз проток на стоките и отстранување на непотребните административни бариери.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, ја потенцираше потребата од непосредна и континуирана комуникација меѓу ветеринарните служби на

Македонија и Србија, особено во однос на увозот, транзитот и извозот на живи животни и производи од животинско потекло.

Беше нагласено дека директната комуникација и навремената размена на информации меѓу надлежните институции се од особено значење за брзо решавање на евентуалните пречки во прометот, притоа задржувајќи го високото ниво на контрола и заштита на здравјето на животните и безбедноста на храната.

Во рамки на официјалната посета, Серафимовски и Миланов остварија средба и со потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за стопанство, Адријана Месаровиќ, на која беше разговарано за натамошно унапредување на економската соработка и создавање нови можности за поврзување на компаниите и производителите од двете земји.

На средбата беше истакната заедничката определба за олеснување на трговијата, отстранување на бариерите и создавање попредвидливи услови за стопанските субјекти, како и за искористување на потенцијалот за заедничка соработка и настап на регионалните и другите пазари.

Соговорниците се согласија дека добрите односи меѓу Македонија и Србија претставуваат цврста основа за уште поинтензивна соработка во земјоделството, ветеринарството, безбедноста на храната и стопанството.

Официјалната посета ја потврди заедничката определба преку директен институционален дијалог, ефикасна примена на договорените механизми и конкретни оперативни решенија да се обезбеди побрз и поедноставен проток на животни, производи и стоки меѓу двете земји, во интерес на земјоделците, компаниите и граѓаните на Македонија и Србија.