Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Мицскоски: Вложуваме двојно повеќе во здравството

Со двојно повеќе инвестиции до поквалитетно и поефикасно здравство.Владата нема да отстапи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со двојно повеќе инвестиции до поквалитетно и поефикасно здравство.Владата нема да отстапи од планот да го зајакне јавното здравство во Македонија. Ќе се вложува во нови болници и клиники, современа медицинска опрема и вработување на стручни кадри. Според премиерот Христијан Мицкоски хаосот што владее изминатите години, ќе се решава етапно, но сигурно. Тој ветува дека ефектите од државните инвестиции во овој ресор, граѓаните ќе ги почувствуваат наскоро. Најави сериозни реформи и повика надлежните институции да ги пронајдат мешетарите кои го рушат имиџот на здравството.

“Ќе има сериозни реформи, и структурни, но и квалитативни, и убеден сум дека за неколку години од денеска ќе имаме комплетно нова претстава во здравството. Бидејќи често пати зборувам, ќе го повторам тоа и денеска, дека како Влада одвојуваме за здравството повеќе од една милијарда евра. Нешто што досега никогаш не било ни приближно толку направено. Да речеме само во годината за време на ковидот таа бројка била некаде околу 500-550 милиони евра. Значи сега сме, би рекол, два пати повеќе. И повторно имаме проблеми. И тоа е нешто коешто нас не вознемирува” – вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Министерот за здравство вели дека периодов интензивно се вложува во еден од најзначајните сектори во државата и дека спроведените реформи даваат резултати.

Реклама

Се вложува и во апаратура. Клиниката за хирушки болести Свети Наум Охридски од Владата доби нови апарати за магнетна резонанца со што ќе се прават најмалку 5.000 прегледи годишно. За неколку недели оваа дијагностика ќе биде ставена и на “Мој термин”.

“Ако во претходниот период со оној апарат кој сме го имале и бил стар 16 години и сме правеле 4.000 магнетни резонанци на годишно ниво, тоа подразбира дека очекуваме дека со новиот апарат да правиме најмалку 5.000, а тоа се зависи од бројот на смени во кои ќе се работи”, изјави директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов.

Следните неколку крупни проекти во здравството се изградба на нови болници во Штип Тетово и Кичево, но и нова зграда на Медицински факултет со нов студентски дом.Овие проекти ќе се реализираат со пари од првата фаза од британскиот договор.