Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Прилози

Мицотакис „пукаше во празно“: Кон Македонија испука плашливци, наместо вистински куршуми

Испукани плашливци, наместо вистински куршуми од Грција. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Испукани плашливци, наместо вистински куршуми од Грција. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за разлика од острите изјави во медиумите дека ќе бара санкции за Македонија, бидејќи новата власт не го почитувала Преспанскиот договор, во реалноста не направи ништо. Иако најавуваше дека во Вашингтон ќе бара државава да биде на еден начин казнета, не презеде ништо официјално. Според познавачите и на Мицотакис му станало јасно дека договорот од Нивици мора да го гледа како оружје за подобра соработка меѓу две соседни земји.

-Не треба ова да го толкуваме било каков триумфализам, очигледно е дека постојат разлики помеѓу толкувањата кои што ги имаме ние на Преспанскиот договор и толкувањата кои што ги имаат во Атина меѓутоа мора да се разбереме дека ние сме соседи. Не сме среќни како Македонци со Преспанскиот договор, многумина во Грција исто така не се среќни со овој нивни дипломатски триумф, сакале уште повеќе. Но, во моментов тој постои и додека постои треба да го искористиме како мост за соработка меѓу двете земји, изјави Боцевски.

Според поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, јасно е дека во однос на спорот со Грција створена е нова политичка клима. Власта го почитува бидејќи мора, но веќе на домашен план не гледаме користење на кованицата Северна.

Реклама

-Од она што го видовме јасно е дека останува доследен до својот премиерот Мицкоски, односно дека во делот на онаму каде што мора, онаму каде што е предвидено тоа со Преспанскиот договор ќе се придржува Македонија кон договорот. Ние не сме некое диво племе, ние сме држава со сите институции, со сите салтанати. Меѓутоа нашиот отпор кон овој договор кој беше донесен на еден грозен начин ќе дојде низ културата и низ правото. Низ правото кога ќе се создадат услови, а низ културата со ова што го правиме, изјави Боцевски.

Пред самитот на НАТО во Вашинтон од Грција постоеја најави дека ќе има радикални мерки кон Македонија, бидејќи новата власт не го почитувала договорот од Преспа. Дури и се говореше дека се размислува за забрана на влез на Македонци во Грција, забрана за прелети, романиг.

Матеја Петровски