Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски за спорот со Бугарија: Мора да постигнеме решение кое ќе спречи идни предавства од некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор по реизборот за лидер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот говор по реизборот за лидер на партијата на 18. Конгрес во Кавадарци се осврна и на прашањето со Бугарија, подвлекувајќи дека има желба за фер решение, но оти во моментов нема соговорник од другата страна и оти треба да се посветиме на домашните задачи. 

– Не чекаат сериозни предизвици. Имаме отворено  прашање со Бугарија, но се чини дека нема соговорник од другата страна. Имаме желба да постигнеме фер решение, но за секој договор сакам да знам, за разлика од моите претходници во владата, што добива Македонија и граѓаните од сето тоа. Сакам да знам која е точната иднина која ќе ја обезбедиме за нашиот народ. Европската Унија се чини неподготвена да го фасцилитира овој процес, пред се, поради своите внатрешни проблеми. А, од друга страна, државава премногу даде на патот кон ЕУ која е и понатаму наша цел, но да бидеме реални дека ние мораме да посветиме внимание пред се на домашната задача, да обезбедиме иднина на сите граѓани. И Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и Срби, и Власи, и Бошњаци и сите останати, рече Мицкоски.

Тој го повтори  ставот дека не е проблем внесувањето на Бугарите во Уставот, туку новите условувања кои, вели, ќе следат на патот на евроинтеграцијата на земјава.

Реклама

– Прашањето со Бугарија не е дали ќе има Бугари во Уставот. Нив може од утре да ги има и јас немам никаков проблем со тоа, проблемот е што тоа не е крајот, туку тука ќе почнат нови и нови условувања, и Македонија ќе прерасне во нов експеримент, откако двапати менуваше име, менуваше знаме, документи и којзнае колку пати менуваше Устав, вели тој.

Решението кое би се постигнало, додава Мицкоски, мора да осигура дека нашиот идентитет е зачуван и „дека нема да има некое ново предавство“.

– Затоа, ако некогаш влеземе во решение, ние ќе направиме се за да се осигураме дека нашиот идентитет е зачуван и дека нема да има некое ново предавство од некој нов Заев или Филипче. Многумина ми велат, еден ден ќе дојде СДСМ и се ќе смени, ќе прифати и нов устав и смена на идентитет и се живо, затоа дај да се бориме сега да направиме најдобро можно решение, како што впрочем правеше СДСМ во историјата, коцкајќи се со државата на сметка на тоа да добијат поддршка од надвор за да дојдат на власт. Затоа, сметам дека Македонија мора да направи решение кое ќе спречи идни предавства и кое ќе ги исцрта црвените линии, но на начин на кој нема да може некој нов трговец од Горни Милановац или хирург од Дубаи да ги прекрши држејќи ја раката на срцето, со блага насмевка и гнасни и предавнички намери, порача Мицкоски.