Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Мицкоски: За следната година предвиден раст на плaтите во образованието и во други институции

Повеќе пари за плати за наставниците и сите во јавната администрација, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе пари за плати за наставниците и сите во јавната администрација, за пензионерите, Фондот за здравство, за државните електрани – владата го крои буџетот за следната година. Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека Илиндеска веќе ја има една верзија за распределбата на државната каса во 2025-тата што треба да се доработи пред да најде на гласање пред народните избраници.

  • „Оваа недела би требало да ја до средиме и почетокот на следната и очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница предлог-верзија на Буџетот за следната година. Па потоа, нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското Собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во рамките на некои други од институциите, во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето да заврши до крајот на годината“.

Владата втор месец во обид да се затворат милионските дупки кои ги оставила претходната власт. Државните електрани кои беа со нула долгови пред седум година, сега вели Мицкоски ЕСМ е во минус од пет милијарди денари.

  • „Некако оваа петка им станувала заштитен знак. Пет милијарди долгови за пензионерите, пет милијарди за Фондот за здравство, пет милијарди ЕСМ итн. итн. Од долгови, како да кажам се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови, отприлика таа е реалноста којашто ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти“, подвлече премиерот Мицкоски.

Ако на 24 јуни сметката на Владата била минус околу 12 милијарди денари односно 200 милиони евра, премиерот е со очекувања Македонија веќе од следниот месец да влезе во позитивно салдо, бидејќи како што вели долговите се враќаат, заборавените обврски се исполнуваат.