Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Мицкоски за пожарите: Ме загрижуваат индициите дека голем дел од нив се намерно подметнати

Македонија од петни жили се бори против пламените јазици. Состојбата засега е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија од петни жили се бори против пламените јазици. Состојбата засега е под контрола, има доволно пожарникари, припадници на МВР и опрема, смирува премиерот Христијан Мицкоски. Затекнале катастрофална состојба од претходната власт, авионите на писта, пилотите во пензија. Токму затоа итно се напревени промени, потенцираше премиерот.

“Хелокоптерите беа враќани во употреба, авионите станаа оперативни, пилотите ги вративме, и во еден момент од ништо имавме три авиони и три хеликоптери и стотици пожарникари, граѓани доброволци и ја користам оваа прилика да им се заблагодарам. Во текот а вчерашниот ден имавме историски незапеметен историски број на пожари на отворено. Успеавме поголем дел да ги совладаме, останатите се под контрола, благодарение на пожарникарите, припадниците од министерството за внатрешни работи, и министерството за одбрана. Ќе продолжиме да се бориме со пожарите, а имајќи во предвид во август температурите, не очекувам да има промени” кажа премиерот Мицкоски.

Мицкоски е загрижен од информациите кои ги добил дека голем дел од од пожарите биле намерно подметнати. Апелираше граѓаните да бидат внимателни.

Реклама

“Она што ме загрижува се индициите дека постои основано сомнение дека причина е невминателност а во голема мера и намера. Повторно денеска го активиравме еворпскиот механизам. Чешка одговори со еден хеликоптер. Унгарија испраќа четири теренци, и кои може да превенрираа, истовремено словенија одговори, Германија исто така, и тоа е капацитетот кој ќе го прифатиме, а состојбата е целосно под контрола”, вели Мицкоски.

Премиерот се заблагодари и за помошта која пристигнува од неколку земји во гаснењето на пожарите.

Хеликоптери од Србија и Чешка и ер трактори од Германија ќе дојдат напомош. Повторно е активиран ЕУ механизмот на цивилна заштита.

Ања Лукарова