Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозициската СДСМ и оти остава надлежните органи да одлучат по неа, нагласувајќи дека тој е фокусиран кон развојот на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Политичките партии, додаде тој, коишто живеат во сопствениот свет на лаги се повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните. 

-Јас не би можел да коментирам повеќе. Оставам на органите да одлучат, нели кривичната пријава претпоставувам е поднесена до Обвинителството. Прашањето ќе треба да го упатите до Обвинителството. Јас не би сакал со моја изјава по ниту една основа да влијаам врз одлуката на Обвинителството, а визави пријавата којашто ја поднесе СДСМ, а што се однесува до некои си компании кои ќе треба да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување и потреба од наша страна не постои, ниту пак тоа е дел од мојот карактер, ниту пак имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики. Јас сум фокусиран кон развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните, имајќи ги предвид тешките времиња во коишто живеат, а политичките партии коишто живеат во сопствениот свет на лагите ги оставам да останат таму и за жал од ден на ден повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните, одговори Мицкоски на новинарско прашање во врска со кривичната пријава на СДСМ, но и во однос на обвинувањата за ангажирање приватна разузнавачка израелска фирма да го следи лидерот на оваа партија Венко Филипче.

На прашање во врска со неговата изјава дека има чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството и.т.н. ќе бидат опфатени со одредени прогони и пријавата, која еден ден подоцна е поднесена против пратеникот Блерим Беџети, кој тоа го оцени како притисок, Мицкоски нагласи дека не би ги коментирал наводите од него, оти има места каде што тој може да ја докаже својата невиност и додаде дека секој во државата го ужива правото на презумпција на невиност.

Реклама

-Јас сакам се помалку луѓе да бидат осудени, се повеќе луѓе да работат според законите, да ги почитуваат законите, Уставот на оваа наша заедничка држава. За мене успех ќе биде да имаме што помалку кривични пријави против поранешни, сегашни функционери итн. Така што јас не би можел и не би сакал да ги коментирам наводите на господарот Беџети и верувам во право на презумпција на невиност до моментот додека не се докаже спротивното, а тоа се докажува низ една судска постапка до правосилност на судска одлука. Што се однесува за чувствата, мислам дека премногу чувствителни станавме периодов, сега да се фокусираме на вистинските нешта, а вистинската нешта се бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и напорна работа за подобра иднина на македонските граѓани – нагласи Мицкоски.