Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Мицкоски за коментарите на Кацарска за линералното зголемување на пензиите: Во минатото со правна гимнастика неправото стануваше право

Ако линеарното зголемување од илјада денари кое што треба да го земат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако линеарното зголемување од илјада денари кое што треба да го земат пензионерите за март е неуставно, како тогаш се уставни овие другиве линеарни зголемувања, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги изјавите на уставната судика Добрила Кацарска дека некој погрешно го брифира за линеарното зголемување на пензиите. Со правна гимнастика, потенцираше тој, видовме во минатото дека неправо станува право. 

– Јас не сум правен експерт, не ни пледирам да бидам, ниту пак сум експерт по уставно право, но ако линеарното зголемување од илјада денари кое што треба да го земат пензионерите за март е неуставно како тогаш се уставни овие другиве линеарни зголемувања? Нека ми објасни некој правен експерт како тоа ќе го толкува. Видете со правна гимнастика ние видовме во минатото дека неправо станува право. Но, сега јас зборувам логично, ако овие илјада денари коишто се сега неуставни, како ќе бидат уставни претходните илјади и двапати по две илјади. Јас не велам дека тоа што е досега земено како вредност пензија ќе се врати, јас зборувам дека од тој момент кога тие ќе донесат ваква одлука пензиите на пензионерите ќе мора да се пресметуваат според процентите затоа што па потоа може некој кривично да одговара за незаконско трошење на буџетски средства. А ако ги пресметаме пензиите според процентите односно условно кажано оној модел педесет проценти трошоци на живот, педесет проценти плата ќе дојдеме до три до четири илјади денари помали пензии од тие што денеска ги земаат, рече премиерот. 

Дали мене некој погрешно ме брифира, не ме брифира тргнете го тоа на страна, рече Мицкоски посочувајќи дека има правници во државата кои тоа ќе го толкуваат. За Кацарска рече дека таа е еден од судиите кои во минатото „неправото го направи право“. 

Реклама

– Јас знам дека во минатото посебно овој уставен судија кога беше судија и посебно во случајот за 27 април знаеше неправото да го направи право, јасно ми е нејзината гимнастика. Тоа го видовме на дело, но еве баш би сакал ова некој да ми го толкува, како тоа би изгледало? И како ние ќе продолжиме да ги пресметуваме пензиите затоа што некој треба тоа да го потпише. Како јас ќе натерам некој тоа да го потпише? Како јас ќе натерам некој службеник да потпише пензија некому ако некој рече дека тоа е неиставно, ќе рече кршам закон. Ќе одговарам кривично затоа што трошам пари од буџет на граѓаните спротивно на устав и спротивно на закон. Така што не разбираат некои луѓе дека имаат и општествена одговорност. Не е само направи егзибиција на отоврена сцена, рече Мицкоски кој беше во посета на општина Аеродром.