„Ние во минатото многу пати зборувавме за сето ова за коешто сега и официјално нашите стратешки партнери, меѓународната заедница го посочува“, Ова е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски за вчерашната одлука на Стејт департментот на САД во која ги ставија поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата на Апелациониот суд на црната листа.
Најави дека во иднина ќе има уште многу потврди за криминалот на минатата власт.
