Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Прилози

Мицкоски: Врхушките на СДСМ и ДУИ преку РЕК Битола планираат да го опљачкаат народот и да ги наполнат куферите за бегање

Двојна победа на претстојните претседателски и парламентарани избори очекува ВМРО ДПМНЕ која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојна победа на претстојните претседателски и парламентарани избори очекува ВМРО ДПМНЕ која во опозиција ќе биде до почетокот на месец мај кога ќе се одржат изборите, а потоа ќе го презвеме кармилото на власта.Веднаш после победата,најдоцна до средината на месец јуни ќе се формира влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, еден месец подоцна ,во јули ќе следи ребаланс на буџетот,а есента ќе биде период за распишување на тендери за проекти кои што централната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, ќе ги финансира. Анкетите покажуваат вели Мицкоски огромна победа на ВМРО ДПМНЕ,во тоа немам дилема нити јас нити актуелната власт.

 Бидејќи тие секаде велат дека ВМРО ДПМНЕ и коалцијата ќе победат, но тие имале некоја тајна скриена стратегија со која што ВМРО ДПМНЕ немало да направи влада.И тука има две скриени пораки:првата порака е ако е точно тоа што тие го кажуваат тогаш како тоа не можело идна влада да биде замисела без ДУИ со 12,13,14 пратеника, а можеме да имаме идна влада без ВМРО ДПМНЕ со 57,58 пратеници.Нека излезат на улица нека го прашаат народот што мисли за тоа.Тоа нема да се случи се разбира”-вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО ДПМНЕ

СДСМ вака манипулира со нивното членство со цел да ги мотивира бидејќи се соочуваат со недостаток на активисти.Мицкоски го поздрави и окрупнувањето на албанската опозиција како добар чекор за демократијата и крај на најдодолговечката партија која е на власт во Македонија повеќе од 22 години,а тоа е  ДУИ. Од Охрид Мицкоски проговори и за криминалите кои се прават во РЕК Битола и за скандалот со набавка на јаглен за  што поседувал интерни документи од државната ЕСМ.

Реклама

Ова раковдство на ЕСМ кое што пред одење, пред смена и пред катастрофален пораз на следните парламентарни избори, се обидува во последен момент да потпише годишен договор за набавка на увозен јаглен во вредност од близу 100.милиони евра. Да бидам попрецизен 5 милјарди 950 милиони денари. Затоа ја користам оваа прилика да ги предупредам вработените луѓето од термоелектраната Битола да не подлегнуваат под притисоците на неколкумината од раковдството и да потпишуваат документи со кои ќе го пљачкаат народот –рече Мицкоски

За сметка на малкумина од врхушката на СДСМ и ДУИ планираат со ситен аванс да ги наполнат куферите и да избегаат после 8 мај. Сите кои ќе бидат вклучени во овој процес и оној од близу 50 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина ќе одговараат.Затоа им порачувам да не влегуваат во авантура со која ќе овозможат на малкумина ситни политички криминалци од раковдството на СДСМ и ДУИ да ги наполнат куферите и да избегаат-порача од Охрид претседателот на ВМРО ДПНЕ,Мицкоски.