Ако сакаат отстапки нека си најдат друга Владa. Премиерот Мицкоски им порача на европските челници дека тој не е вистинскиот соговорник ако сакаат некој што ќе прифаќа ултиматуми, како што тоа го правеа неговите претходници.
Од самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржува следната недела во Брисел Мицкоски очекува дека ќе бидат разбрани неговите пораки и заложбите на Владата за европската иднина на земјава, реформирањето и европеизирањето на институциите. Тој таму ќе ги брани предлозите на неговата влада за откочување на процесот преку уставни измени со одложено дејство.
Во вторник одам во Брисел. Пораките од таму не би рекол дека се јасни но нашата порака е јасна. Доволно направивме како ниту една држава во ЕУ. Прашањето е дали ако еднаш направите преседан дали тоа станува пракса. Гледаме дека таму станува пракса. Ние имаме целосно усогласена надворешна политика со ЕУ. Тоа го кажа и Муцунски. Реформите ги правиме согласно мониторингот на ЕК. Ние не сме под опасност ние сме под чадорот на ЕУ. Но бидејќи има политичари кои не се во 21 век ние нема веќе да правиме отстапки. Не е аргументот тоа е тоа знает е 27 членки консезус. Тоа ја води ЕУ таму каде што не треба. Ултиматуми не треба. Да го прододлжиме патот. Подготвени сме во секое време да одговориме позитивно на барање за некое решение прифатливо. Ние како држава но и Балканот за жал не сме во фокусот на оваа администрација на Брисел, рече премиерот Мицкоски.

Пораки, на кои можеби претходно Европската Унија не беше навикната, стигнаа и од првиот дипломат. Тимчо Муцунски бара реципроцитет во односите Скопје – Брисел. Како што Македонија покажа дека е посветена на патот кон ЕУ така и Унијата треба да покаже искреност дека сака да бидеме дел од блокот. Тој е дециден дека паралелно со реформите, мора да се бара решение прифатливо за сите страни, кое ќе биде добро и за нас, но и за кредибилитетот на Европската Унија.
Треба да исцртаме еден јасен и предвидлив пат кон ЕУ. Како ќе се движат нашите преговори. Што е тоа што се очекува и што треба да направиме. Не велам дека изнаоѓање на такво решение ќе биде лесно за Македонија и за ЕУ но тоа ќе биде добро и за нас и за кредибилитетот на ЕУ кој сака да го создаде во регионот земајќи ги предвид геополитичките случувања. Ниту ЕУ не би сакала да има сомнеж кај кандидатите дека не е искрена во намерите. Ова е еден заеднички, компплексен процес, ќе биде тешко. Не велевме дека ќе биде лесно но мора да биде базирано на прицнипите кои ние ги застапуваме. Примарно сме фокусирани на ЕУ членките, да ги претставиме нашите тези и гледишта како да се најде решение. Останавме целосно усогласени со заедничката политика. Ја усвоивме веројатно најдобрата реформска агенда во регионот. Покажавме дека сме посветени на патот и очекуваме дека другата страна ќе ја покаже истата посветеност, искреност и посветеност, рече Муцунски.
Според ставот на Владата, заврши времето кога Македонија прифаќаше секакви уцени од земјите членки а ЕУ стоеше на страна и само не тапкаше по рано. И покрај сите болни отстапки, далеку сме од исполнување на европскиот сон кој е стратешка цел на земјава бидејќи поради нестандардни услови за пристапување, Македонија е жртва на билатерални спорови.
Дека има надеж да се откочи процесот, покажува и ставот на новата еврокомесарка за проширување која порача дека ќе направи се, билатералните прашања да бидат надвор од процесот на интегрирање на Македонија во ЕУ.
