Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: Во Струмица има шанса да победиме уште во првиот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека големи се шансите кандидатот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека големи се шансите кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков во Општина Струмица да победи уште во првиот круг.

Мислам дека Петар е многу блиску, а тоа им го кажав и на активистите на партијата кога бев на состанок во општинскиот комитет, Струмица е многу блиску да ја завршиме уште во првиот круг, порача Мицкоски.

На прашањето како ги коментира шпекулациите дека докторот Никола Маџунков бил фаворит на членството на ВМРО-ДПМНЕ во ОК Струмица, Мицкоски посочи дека и кандидатот за градоначалник Петар Јанков, но и носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ Никола Маџунков се исклучително чесни и посветени луѓе.Двајцата се перфектни луѓе и личности. Ги познавам и Петар и докторот Маџунков. Двајцата се би рекол исклучително чесни и посветени и за мој вкус тивки луѓе. Мислам дека ќе треба во периодот кој што следи да го кренат и својот глас и карактер, бидејќи ќе влезат во средина во која се создадени системи и позиции од одредени структури кои изминатите 20 години палеа и жареа во Струмица.  И затоа и на нив им го кажав тоа, дека ќе треба малку пркос и дека од сега ќе треба да работат на тимот со кој што потоа ќе работат во општината, потенцираше Мицкоски.