Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски во дипломатска офанзива: Работата на власта може да донесе само бенефит за Македонија

Промената во надворешната политика и дипломатската офанзива на премиерот Христијан Мицкоски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промената во надворешната политика и дипломатската офанзива на премиерот Христијан Мицкоски и целата власт во Македонија, може да донесат само бенефит за државата, сметаат познавачите. Последната средба со францускиот претседател Емануел Макрон е само уште еден доказ за обидите да се презентираат македонските ставови, кои се целосно променети за разлика од претхдно, кога Македонија ги прифаќаше сите уцени од соседите. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Алфа вели дека чекорите на власта се единствен начин како да се тргне кон надминување на блокадата.   

„Таа офанзива која се спроведува веќе цело време од кога дојдоа на власт е апсолутно корисна, неопходна и таа ќе помогне. Таа веројатно не може да ги реши од корен работите и проблемите со кои сме соочени, да ја надмине блокадата. Меѓутоа тоа е првата етапа која ќе води во следни чекори. Знаете во суштина ние мора да бараме разбирање од сите членки на Унијата и пошироко од Американците итн“, изјави Никовски

Со цел членство во Европската Унија, Македонија го промени името, прифативме бугарските услови да ни станат официјлни барања и од Брисел. Според Никовски грешките се наши и мораме самите да ги исправиме. Вели мора сите да сфатат дека сме доведени до нешто што е неприфатливо, не може да опстане и дека мора да има промени.

Реклама

„Разбираат и нашите партнери во Униојата дека до таму сме дотерани, дека мора да се бара еден радикален излез, тогаш Македонија ќе може да преземе порадикални чекори и да ја надмине оваа ситуација. Грешките се наши, треба да се признае во разговорите кои ги имаат со странците нашите водечки политичари. Ние ќе мораме да ги исправиме на крајот од денот, а тоа значи дека мора да се откажуваат некои претходни прифатени обврски и да се почне од почеток“, изјави Никовски

Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски минативе денови присуствуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта. Од Владата велат дека овој форум ја потврдил важноста на меѓусебната соработка и споделување на решенија за клучни прашања како економската сигурност и регионалната поврзаност..

Матеја Петровски