Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи

Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување на цените на зејтинот и јајцата. Но, Владата има план и нема да дозволи било какви осцилации во цените на прехранбените производи, кои би удриле по животниот стандард на граѓани, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата со зголемување на цените на производите.

Премиерот Мицкоски е дециден дека доколку видат неетичко однесување од страна на ланиците супер маркети, но и од страна на снабдувачите и производителите, како Влада ќе ги преземат сите оние мерки, кои што ги имаат на располагање. 

-Државниот пазарен инспекторат е на терен и од она кое што го гледаме има поскапување кај маслото и кај јајцата. Зборувам за поскапување, кое што е видливо и значајно, кај останатите производи цените во принцип не отстапуваат „визави“ оние кои што се просечни од претходниот период. Така што тој дел е забележано, анализираме. Тоа се правда со зголемени цени на берзи итн. Сега берзи можеби ќе звучи чудно кај јајцата, не е конкретно јајцето берзански производ, туку храната која што носилките ја користат е берзански производ, па тоа имплицира кај самите јајца. Маслото знаете дека е берзански производ. Така што на тој начин се правда тоа зголемување. Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме било какви осцилации, кои што ќе нанесат штета на стандардот на граѓаните, подвлече Мицкоски. 

Реклама

Тој додаде дека како Влада не се реактивни, туку се активни и така ќе продолжат да се однесуваат. 

-Ризици има, за жал, ќе ги решаваме. Многу работи не зависат од нас. Но, врз основа на тоа кое што зависи од нас да го антиципираме навремено и да повлекуваме потези, рече Мицкоски.