Реклама

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

Македонија

Мицкоски: Ви ветувам дека ќе се грижам за учениците и во Норово и во Лешок и во гимназијата Кирил Пејчиновиќ

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, премиерот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за состојбата на училиштето во селото Норово и условите во кои учат учениците.

„И јас сум редовен професор на универзитетот и ми е многу значајно кога децата сакаат да учат и кога сакаат да добијат правилно знаење, образование, без разлика дали тие се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми или од друга етничка заедница. Сѐ ќе сторам што е во моја моќ согласно законите и Уставот учениците да го добијат потребното знаење. Исто како што се грижам за учениците од Норово, се грижам и за средношколците од Кирил Пејчиновиќ, и за основците од Лешок и за сите ученици во Македонија, без разлика каде се наоѓаат“, рече премиерот.

Тој потоа истакна дека за подобрување на условите во тетовската гимназија се предвидени средства донирани од страна на општествена одговорна компанија која согласно законот и процедурите и со гласовите на сите советници од сите партии тие средства биле одобрени. Дополнително Мицкоски најави дека лично ќе го посети Норово и ќе разговара со родителите на учениците со цел да се изнајде решение за политички да не се злоупотребува случајот.

Реклама

„Но она кое што е фактичка ситуација таму, е следна. Одговорна е општината, но одговорни се и тие кои што со донации одлучиле на незаконски и урбанистички нерегулирана парцела да градат објект. Има закони во државата и мораме да ги почитуваме тие закони. Еве јас ве повикувам заедно да појдеме во Норово, со нас да го земеме законот за урбанистичко планирање, законот за градежно земјиште, законот за градење и Уставот, да најдеме парцела и да направиме нешто за овие дечиња“, кажа премиерот Мицкоски и потоа дополни: „во многу објекти на целата територија на Македонија се потребни интервенции и во многу објекти децата учат во супстандардни услови. За жал многу се крадеше. Сега тие пари кои што се украдоа завршија во приватни џебови, дали за купување на трговски центри, дали за купување на нов возен парк, Ролс Ројс, Мајбах мерцедес, фирми или нешто друго, наместо да завршат во училиште за село Норово“.

Премиерот Мицкоски посочи дека тие кои се богатеа на грбот на децата и градеа сараи ќе одговараат, без разлика од која политичка партија да доаѓаат.

„И мене ме боли кога ги гледам во какви услови овие дечиња добиваат знаење, исто како што ме боли и кога ги гледам и дечињата од Лешок, и од гимназијата Кирил Пејчиновиќ во какви услови учат. Се сеќавам при моите посети кога бевме опозиција кога молев министерот за образование од ДУИ да се погрижи да ги подобри условите за овие ученици да добијат пристојно знаење, вклучително и оние во село Норово. За жал тој во тоа време одлучи да се занимава повеќе за потребите на еден приватен универзитет во југозападна Македонија, наместо да вложува за учениците во село Норово“, заклучи премиерот Мицкоски.