Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски: Успеавме да го запреме слободниот пад на економијата

Економијата се стабилизира, платите растат. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економијата се стабилизира, платите растат. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ и ДУИ, а не прогнозата на Светска банка за економијата на државава во најновиот извештај што опозицијата ја препознава.  Вака премиерот Христијан Мицкоски ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека оваа влада ќе направи економска катастрофа.

Пратеникот на СДСМ и екс вицепремиер Фатмир Битиќи вели дека Македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП. Тоа според него е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

Мицкоски вели дека Владата преку соодветни мерки успеала да го запре слободниот пад на економијата.

Реклама

Од владејачката партија велат дека за само два месеци од формирањето на владата во земјава дојдоа четири странски инвестиции, од кои само една е во вредност од над 500 милиони долари, и носи над 1500 вработувања.

Исто така пензиите се зголемени линеарно за 5000 денари, а во нареден период следи зголемување на платите на просветните работници ќе достигне 46%.