Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Унгарија со раст од 4,9%, Словенија нарачала над 3 милиони вакцини а ние во рецесија и молиме за донации

Од мојот краток престој во Унгарија можев да видам дека главниот предизвик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од мојот краток престој во Унгарија можев да видам дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот. Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно. Се зборува за новиот пакет од 5.18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4.9%, додека нашата е во рецесија, се вели во Фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес сум во Љубљана, Словенија, доцна попладне ќе имам средба со премиерот Јанез Јанша. Земјата оваа година се подготвува за овогодинешното претседателство на ЕУ. Дискусиите се за водењето на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот. Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини. Светот оди напред со големи чекори! А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби, пишува тој.

– На пациентка ѝ се извадени човечки органи, а сѐ уште не станува збор за одговорност на било кој. Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците. Важно, најавен е нов петти пакет на мерки, откако претходните четири немаа никаков реален ефект во економијата, освен намената поради која е и овој нов пакет, а тоа е поткупот. Заглавени помеѓу тендерите на власта за приватни џебови, мафијашкиот попис и продажбата на идентитетот, додека земјава стои во слепите сокачиња на патот кон ЕУ, граѓаните губат уште една важна година од своите животи во чекање додека светот оди напред, посочува Мицкоски.

Реклама

Затоа кажувам: Доста е! Мора да се стави крај на политичарите криминалци и на неспособноста. Иднината е наша и ќе се бориме за неа! За овие и сите идни генерации, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1774991759342942