Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мицкоски: Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост

Трагедијата во Кочани е масовно убиство нема да има милост за секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трагедијата во Кочани е масовно убиство нема да има милост за секој што дозволувал за пари, мито, и корупција да се случи ова – вели премиерот Христијан Миицкоски. Тој откри загрижувачки податоци по вонредниот инспекциски надзор во ноќните клубови. Само 12 локали во Македонија имале валидни лиценци за работа, што значи дека огромен број објекти работат на диво. Премиерот предупреди дека сите ноќни клубови кои работеле нелегално ќе бидат затворени и најави зголемени контроли.

„Дојдовме до заклучок дека во 2024 година се издадени вкупно 12 лиценци за кабареа. Па сега може да се претпоставите колку клубови работат во државата, и тоа не знаеме кои се валидни, затоа што претпоставуваме дека рокот им е изминат, така што не очекува многу работа, затоа што е очигледно дека никој не си ја вршел работата. И сега се обидува некој под политизација да ја сокрие криминалната работа која ја правел изминатите години. Нема да има милост, кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. Ова е би рекол масовно убиство кое некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција кое дозволувал да се случи“, рече Мицкоски.

Премиерот имал информации дека во Министерството за економија имало низа криминали, но во интерес на истрагата не може да соопшти детали. Најави темелна истрага за трагедијата, но и одговорност за виновниците.

Реклама

“Цело време работеле или без лиценца, а прашањето е тие што му потпишале во ’21 и ’23 како му потпишале и врз основа на кои елоборати и документи му потпишале во ’24. Видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститори” вели Мицкоски.

Претседателот на Владата констатира дека е доблесна оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Мицкоски потенцираше дека борбата за спасување животи продолжува и во следните денови, апелирајќи сите кои биле во близина на погодената област да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми.