Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски: Судиите и обвинителите не си ги заслужуваат сегашните плати, камо ли покачување

Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту сегашните плати, камо ли покачување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту сегашните плати, камо ли покачување. Премиерот Мицкоски не попушта. Вели, владата е целосно посветена на реформите, но делот од Реформската агенда кој се однесува на зголемување на буџетот во судско-обвинителскиот систем не може да се спроведе.

Потребни се суштински промени, со кои судството и обвинителството ќе се ослободат од канџите на политиката и влијанието од одредени центри на моќ, па потоа ќе се зборува за покачување.

„Моите ставови за Обвинителството и судството се одамна кажани и разговарани. И секогаш кога ќе зборуваат зошто доцниме во процесот за реформи, сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони кои се однесуваат на зголемување на буџетот, односно нивните плати. А ова го бараат тие кои имаат само два проценти доверба. Јас чувствувам мачнина, бидејќи тие не ги заслужуваат ни овие плати поради ваквите пресуди. Суштинската реформа е токму тоа – законите се за зголемување на буџетот. Не е проблем, ќе го зголемиме и за трипати, ама прво нека заслужат“, изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Од областа на правосудниот систем се работи на повеќе закони меѓу кои и законите за Јавни обвинители, Судски совет, за обвинителска служба, судска служба. Треба да се менува и Кривичниот законик и Законот за кривична постапка. Дел од нив согласно препораките од Брисел предвидуваат и од буџетот да се одвојуваат 0,8% за судството и 0,5% за обвинителството, што автоматски ќе значи и покачување на нивните плати.

Од шестте закони предвидени во судско-обвинителската сфера, само ова е пречка за да влезат во процедура. Според проценките на Мицкоски тоа би значело трошок од 100 милиони долари годишно – двојно повеќе од постоечкиот.Владата претходно најави дека ќе направи компаративна анализа со неколку земји членки од ЕУ, како Франција, Германија, Унгарија, Хрватска, да се види колку тие земји одвојуваат од буџетот, по што ќе најдат адекватно решение. Законите треба да се донесат најдоцна до крајот на годинава.