Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Мицкоски: Стопанството се ослободи- капиталните инвестиции поголеми од планираното, за следната година предвиден рекорден буџет

Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70-тина проценти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Капиталните инвестиции оваа година ќе завршат на ниво поголемо од 70-тина проценти од тоа што беше предвидено и планирано. Мислам дека секогаш може да биде подобро, но оваа беше изборна година.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштањето на целосно реновираниот прв кат на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје.

-Ценам дека оваа реализација е сосема коректна. Новата Влада направи се што можеше нивото на реализација на капиталните инвестиции да го зголеми

Реклама

Мицкоски потенцираше дека следната година е предвиден рекорден буџет за капитални инвестиции, не само за државните и владини проекти, туку и за општинските.

-Како Влада покажавме дека сакаме да бидеме пријатели кон стопанството. И она што е најважно стопанството се ослободи, нема веќе политички моќници, голобради момчиња кои купуваат трговски центри, сватови кои што возат Ролс Ројс, луѓе кои дивееат во акционерски друштва и јавни претпријатија, нема уцени… Конечно се чуствува слобода во воздухот…