Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски со Волер: ЕПП силен партнер во поддршката на демократијата и европската интеграција

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со меѓународниот секретар на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (ЕПП), Патрик Волер. На средбата се разговараше за значењето на поддршката што ЕПП ја дава на демократските процеси во регионот, како и за продлабочување на политичката соработка меѓу партиите членки на европско ниво.

Премиерот Мицкоски истакна дека партнерството со ЕПП претставува силен поттик за натамошен напредок на Македонија на европскиот пат, при што ја потенцираше важноста од континуирана соработка со сестринските партии од Европа.

„Разменивме мислења за политичките предизвици во регионот и улогата на ЕПП како двигател на европските вредности. Заедничката заложба за стабилност, просперитет и демократија останува наш приоритет,“ објави премиерот Мицкоски.

Реклама

Средбата беше дел од пошироките активности за зајакнување на меѓународната политичка соработка и интеграцијата на Македонија во европските процеси.