Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Мицкоски со порака за Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот: Како Влада наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот нѐ потсетува дека вистинската сила на една држава не е само во нејзините институции, туку во срцето на нејзиниот народ. Во тоа како ги прифаќаме различностите и како се грижиме едни за други, истакна премирот Христијан Мицкоски по повод 2 април – Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот.

-Лицата со аутизам не се „различни од нас“ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест – објави Мицкоски на Фејсбук.

Како Влада, додаде премиерот, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност.

Реклама

-Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи. 2 Април – Светски ден за подигање на свеста за аутизмот – истакна Мицкоски во објавата.