Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Мицкоски со порака до членовите на Судски совет: Ќе ви се случи народ, не барајте дупки во законот

Ако продолжат да се служат со трикови и да водат инает, народот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако продолжат да се служат со трикови и да водат инает, народот ќе се самоорганизира и ќе им се случи народ. Ова е предупредувањето на премиерот Христијан Мицкоски до членовите на Судскиот совет кои и покрај изгласаната недоверба од пратениците немаат доблест да си поднесат оставка. Мицкоски вели дека народот е желен за правда, но неколкумина од судскиот систем се уште стојат на браникот на партиите од претходната власт СДСМ и ДУИ и немаат намера да си одат.

Мицкоски вели дека сосема е јасно тоа што го прават дел од членовите на Судскиот совет бидејќи се исплашени за да не ги изгубат своите големи плати. Тој потсети дека граѓаните и во наредните месеци ќе ги плаќаат членовите и покрај тоа што тие треба да покажат доблест и да си одат.

Реклама

Иако Македонија е критикувана за корупција и нефункционалност на судскиот систем, сепак членовите на Судски совет немаат намера да си поднесат оставка. Тврдокорни се и остануват на ставот дека интерпелацијата против нив е незаконска и неуставна.

Тие не чувствуваат морална одговорност. Напротив, во телефонски разговор за Алфа, дел од нив рекоа дека интерпелацијата е надвор од паметот и спротивна на законите и Уставот. Инаку сите пет имиња се поврзуваат со СДСМ и ДУИ. Дури и последниот избор за претседател ан Врховниот суд е поврзан со име од Мала Речица.

Весна Дамева, од стручна во Кривичниот суд влезе во советот по предлог на поранешниот шеф на државата Стево Пендаровски, а претходно била дел и од правната комисија на СДСМ.

Селим Адеми,  пред да влезе во Судскиот совет бил партиски функционер во ДУИ. Адвокатката Тања Чачаровска Илиевска, сегашна членка на Судскиот совет која се споменува како поранешен донатор на СДСМ. Миљазим бил советник во Министерството за правда во владата на СДСМ и ДУИ, а во советот е по предлог на Стево Пендаровски. Павлина Црвенковска, поранешната стручна соработничка од скопска Апелација, во Советот е по предлог и избор на пратениците на СДСМ.