Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Мицкоски со поддршка за протестот по трагедијата на Партизанска: За жал прерано згасна млад живот поради дивјак кој се однесувал дивјачки

Револтот на граѓаните е оправдан, премиерот Христијан Мицкоски го поддржа протестот по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Револтот на граѓаните е оправдан, премиерот Христијан Мицкоски го поддржа протестот по трагедијата, во која животот го загуби 22 годинашната Фросина Кулакова. Вели згрозен е од некрофилските политичари, кои решиле оваа трагедија да ја користат за собирање политички поени. Мицкоски потенцираше дека се преземаат сериозни чекори со цел вакви случувања повеќе да нема. Во овој сегмент очекува од помош да биде и системот безбеден град, кој би требало оваа година да почне да функционира.

-За жал прерано згасна еден млад живот поради еден ваков дивјак кој што се однесувал дивјачки на улиците во главниот град. Но, за мене понеодговорно е однесувањето на поедини политичари со некрофилска политика, кои што се обидуваат на ваков начин преку пораки кои што згрозуваат да привлечат политичко внимание и да добијат политички поени. Ова е граѓански протест и оправдан протест и го поддржувам и во таа насока размислувам како премиер и како претседател на Владата, изјави Мицкоски.

Револтот на граѓаните го разбира и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Вели јавноста со право прашува како е можно лице со криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Според него ова не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.

Реклама

-Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите, напиша Тошковски.

СДСМ бара бараат максимална казна за 20 годишниот Васил Јованов. Велат дека Владата и МВР мора итно да преземат конкретни мерки за подобрување на безбедноста на улиците, со цел да нема нови слични трагедии.

-СДСМ бара максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка. Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот, велат од СДСМ.

Најострога казна за возачот побараа и од ВМРО-ДПМНЕ. Од Унијата на млади сили се приклучија на протестот и порачаа дека убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици.

Матеја Петровски