Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Мицкоски: Со Перински почнуваме теренски активности по општините каде се градат капитални проекти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес заедно со министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес заедно со министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваа во Клуб на пратеници на работен појадок на кој разговараа за серија теренски посети на општините низ државата наречени „Каде срцето е дома“ со цел да се мапираат сите предизвици во нив и да се сублимираат насоки за нивно надминување.

Воедно, посетите ќе се искористат и за увид на реализација на инфраструктурните проекти финансирани со средства од централниот буџет, како и за размена на искуства и идеи за потребите на отворениот процес за измени на Законот за локална самоуправа.

„За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект, мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава, дел од имотот вклучително и оној каде што треба државниот врв да го користи и престојува не е впишан во имотен лист замислете, државата тоа го нема запишано ниту во имотен лист не е ни нејзина сопственост иако дефакто е така, но де јуре не е така и некако се поврзува практично ова почнување со работа на овој реновиран објект познат како Клуб на пратеници со кампањата којашто ќе ја правиме заедно со Златко во единиците на локална самоуправа каде што ќе почнуваме проекти коишто се дел од програмата на Влада за инвестиции во општините“, вели во изјава за медиумите Мицкоски.

Реклама

„Периодот којшто следи ќе биде динамичен, интересен, полн со многу проекти нешто коешто го бараат граѓаните, нешто коешто на нив ќе им е потребно така што ве повикувам да не следите, мислам дека добро е да овој процес поминува транспарентно и добро е да одблиску граѓаните го дознаваат она што ќе го работиме како Влада преку соодветните министерства, нормално целиот овој процес го координира Министерството за локална самоуправа“, изјави Мицкоски.