Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски со јасен план во Брисел: Нема влегување во авантури без јасен план дека се гледа крајот

Македонија има јасен план во однос на евроинтеграциите, нема повеќе влегување во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има јасен план во однос на евроинтеграциите, нема повеќе влегување во никакви авантури без да се гледа светлото на крајот од тунелот кој носи до членство во Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски со оптимизам се врати од Брисел. Вели успешно започнал планот во три фази за европската иднина на Македонија – првата информирање на македонските тези пред меѓународните партнери, втората да се види дали уставните измени ќе бидат крај на проблемите за државата и третата работа на домашните задачи.

-Сега е многу важно да идентификуваме, во втората фаза од планот дали со внесувањето на неколку 100-тини граѓани во Уставот завршуваат нашите проблеми, или тоа се би рекол само првите 10 метри од оваа трка на 110 метри, дали е ова само првата пречка. И мислам дека со нашата стратегија полека но сигурно, ќе ја извадиме на површина вистинската намера и таа веќе на сите им е појасна, дека не е само ова проблемот, дека проблемите допрва следат, а дека ние нема да влезе во никаква авантура без да имаме јасен план дека крајот го гледаме, изјави Мицкоски. 

Мицкоски во Брисел оствари низа билатерални средби, меѓу кои со новата еврокомесарка за проширување Марта Кос и новиот претседател на Европскиот совет, Анотнио Кошта. Таму биле јасно кажани македонските ставови, на кои не добиле никаков контра став.

Реклама

-Разговараме, бараме решение, аргументираме. Сето она кое што преставува нашата теза, очекуваме антитеза, не сме ја добиле антитеза, тоа не сме добиле. Што значи дека првата фаза од планот веќе ја реализиравме, а тоа е бараме решение, тоа е многу важно бараме решение.

Мицкоски кажа дека имале многу конструктивна средба со сите лидери од Западен Балкан. Најави продолжување на битката затоа што знаеле дека се во право. Мицкоски потенцираше дека третата фаза од планот е да се зафатат со домашните проблеми и реформи, со што ќе покажаме дека заслужуваме да сме на европската маса по мерит системот.3

Матеја Петровски