Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Мицкоски со честитка по повод 9 мај: Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи

„Денес – го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Денес – го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, денот на Европа не е само симболика – тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија припаѓа во Европа со својот идентитет, култура и визија за иднината! Обединети во различноста, силни во заедништвото“, објави Мицкоски на Фејсбук во честитката по повод 9-ти мај, денот на победата над фашизмот. Мицкоски напиша: „Да не заборавиме на огромната жртва која, како народ, ја дадовме во борбата против фашизмот. Победата над фашизмот беше резултат и на блескавата саможртва на илјадници македонски партизани, кои својот живот го положија за денешната слобода и беа наследници на илинденскиот пламен за Македонија“, објави меѓу другото премиерот Мицкоски на Фејсбук, во честитката по повод 9-ти мај.