Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Мицкоски се сретна со лидерите на „Влен“, средбата поминала во конструктивна атмосфера

Во Владата попладнево се одржа средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Владата попладнево се одржа средба на премиерот Христијан Мицкоски со лидерите на коалицијата „Вреди“ Биљал Касами, Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими.

Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.

Средбата претходно денеска ја најави и лидерот на Движењето „Беса“, Биљал Касами кој во изјава за медиумите рече дека заедно со Изет Меџити и Зеќирја Ибрахими вечерва ќе имаат средба со премиерот.

Реклама

– Како коалиција ВЛЕН ќе инсистираме до крај секој што соработува со ДУИ во овие околности кога таа партија е на црните листи и треба да даде отчет за корупцијата на нејзините високи функционери, не може да биде прифатлив. Вечерва имаме средба со премиерот на која веруваме дека ќе ги разјасниме овие околности. Повторно велам дека тоа не е прифатливо, а тоа го кажа и премиерот, дека не може да се соработува со опозициска партија, во овој случај со ДУИ и истовремено да се остане во Владата. Со премиерот треба да ја разјасниме оваа ситуација, став што досега сме го имале заеднички во однос на продолжувањето на останувањето во Владата, рече Касами.

Вчера, премиерот Мицкоски оствари средба и со лидерот на едното крило на Алијанса на Албанците Арбен Таравари. Средбата заврши без епилог, но од Владата за медиумите соопштија дека поминала во конструктивен дух. Разговорите продолжуваат и во текот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА. Премиерот Мицкоски на средбата ги потврдил претходно изнесените позиции.

Премиерот претходно вчера изјави дека Таравари има две опции да биде во Владата – за реформи и промени или да биде со оние кои две децении ја криминализираа државата. Таравари изјави дека нема договор со ДУИ, и дека кога ќе има, нема да претендира да биде повеќе дел од Владата.