Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва гостувајќи во една од националните телевизии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва гостувајќи во една од националните телевизии, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија и условите кои и ги поставуваат на државата за влез во ЕУ.

Премиерот потенцираше дека Македонија нема да стане членка на ЕУ по секоја цена, затоа што овој народ и Македонија дале премногу изминативе повеќе од 30 години.

„Сите сме за ЕУ, и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Затоа што да беше ова прво нешто, нема никаков проблем ќе седневме ќе разговараме. Овој народ, и овие граѓани и оваа држава дала премногу како никој друг што не дал, и преку глава им е на граѓаните од таков тип политика, сега или никогаш, прозорецот е отворен, сега е моментумот, од Солана го слушаме“, рече Мицкоски.

Реклама

Претседателот на Владата, Мицкоски кажа дека, не се ова први измени што се бараат, тој потенцира дека се менуваше нашиот идентитет, од знамето до името, се тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат идентитетот, истакнувајќи дека во минатото еден по еден овие атрибути се менувале, а за разлика од тогаш, сега тоа нема да биде случај.

„Тоа што сега го правиме ќе има влијае во иднината, и тогаш тие генерации ќе судат кој што правел и како прави“, дециден е Мицкоски.