Реклама

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

Македонија

Мицкоски: Решението со јавниот превоз е во домаќинско работење на ЈСП

Со мобилизација на ЈСП и со наменско трошење на средствата да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со мобилизација на ЈСП и со наменско трошење на средствата да се реши проблемот со јавниот превоз на скопјани. Во главниот град нормално функционирање на автобусите треба веднаш, вели премиерот. Откако градоначалничката побара владина помош за нови автобуси Христијан Мицкоски вели – ако се набави за Скопје, ќе треба да се купат автобуси и за другите градови. Според него планот кој се очекуваше од Арсовска го нема никаде. Иако ја доби поддршката од советниците како што бараше градоначалничката, маките на скопјани останаа.

  • Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот „гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина“, тоа нема да го реши проблемот што денеска го имаат скопјани – рече премиерот во одговор на новинарски прашања во врска со недостигот на автобуси во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Според премиерот, Владата може системски да го реши проблемот со градскиот превоз, а не парцијално. Како што рече ќе треба да се направи пакет за сите општини, вклучувајќи го и Градот Скопје, кои имаат потреба од набавка на возила за организиран јавен градски превоз.

  • Понудивме дури и компанија којашто ќе отвори фабрика, електрични автобуси, но тоа остана на иницијатива само на едната страна. Немавме соговорник и партнер од другата страна за сето ова да продолжи.Ако на Скопје му требаат 250 автобуси, за што се сложувам, сигурно и на другите градови во Македонија им требаат уште 250 автобуси. Им требаат и во Битола, Охрид, Кавадарци, Штип, Куманово итн. Ќе ги решаваме проблемите системски, во зависност од потребите, нема да останат нерешени – рече тој.

Арсовска требаше да достави план за брзо решавање со јавниот градски превоз кој го нема ниту во доволен број и без клими на високите температури. Но иако советниците и додоа поддршка за проектите, проблемот остана да виси, па побара пари од владата да купи нови 250 еко автобуси, бидејќи очигледно градската каса е празна. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и предложи конкретни мерки за колку-толку да се среди градскиот превоз веднаш бидејќи за спроведување на набавка ќе биде потребна и цела година.