Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Мицкоски: Рекордни цени во земјоделството и изненадувачки позитивна исплата на субвенциите, опозицијата се обидува да манипулира

Фактите покажуваат каква е состојбата во земјоделството. Опозицијата се обидува да напаѓа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фактите покажуваат каква е состојбата во земјоделството. Опозицијата се обидува да напаѓа и да манипулира со изнесување лаги и конструкции, но граѓаните да бидат спокојни, зашто Владата мисли на се, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Исплатата на субвенциите е навистина за мене изненадувачки позитивна, веќе минатата недела се исплатија околу 400 милиони денари за околу 7 000 земјоделци. Ќе продолжиме на тој начин да ја придвижуваме економијата. Ги следам пораките од опозицијата која се обидува со конструкции и лаги да напаѓа, но фактите се сосема поинакви. Кога оваа Влада беше избрана, пред нецели 14 месеци, во „Национални шуми“ и АД „Водостопанство“ повеќе од три месеци не беа исплатени плати, а сега се и денес редовно се исплаќаат. Имавме и неисплатени субвенции од 2021 година, а сега се завршува со оние за 2024 и почнува реализацијата за 2025 година. Кај тутунот договорите кои беа на 375 денари за килограм и 80 денари субвенција, сега се зголемија на 400 денари и 100 денари субвенција со што се постигнаа рекордни 500 денари за килограм, а реколтата порасна од 18 милиони килограми на 23 зашто донесовме Закон во кој кажавме додека и последниот лист не биде откупен, нема да се увезува, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Петровец.

Според премиерот, и кај раноградинарските култури, зелка, домати, краставица, лук, кромид, пипер, се забележува рекордна откупна цена.

Реклама

-Зошто е тоа така, зашто Владата не се договара со откупувачите за цената да ја депресира и потоа некој да профитира. Секаде се бележат рекордни цени, и кај мелничарите, и кај производителите на пченица. Опозицијата се обидуваше да манипулира и кај грозјето, а таму имаме рекордни цени и род 25 отсто повеќе зашто работеа системите за наводнување навреме. Ако лани достигнавме 70 – 75 милиони килограми, сега родот ќе биде 100 милиони. Ова се факти, а тоа што го зборува опозицијата е обид да се конструира нешто, обид за политиканство. Опозицијата има своја агенда, а ние треба да работиме во интерес на граѓаните. Мислат ќе добијат некој политички поен, но граѓаните да бидат спокојни, имаат Влада што мисли на се, подвлече Мицкоски.