Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Мицкоски: Регионална иницијатива за здружување за инвестиции во енергетиката

До инвестиции само со заеднички настап. Премиерот Мицкоски покренува Регионална иницијатива за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До инвестиции само со заеднички настап. Премиерот Мицкоски покренува Регионална иницијатива за вложувања во енергетиката вредни неколку милијарди евра. Ова тој го најави во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа.

Неговата идеја е промоција на регионот на Западен Балкан како локација за крупни енергетски проекти. Првични разговори веќе биле направени со другите премиери. Овој предлог Мицкоски ќе го стави на маса на следниот состанок ЕУ – Западен Балкан во Подгорица.

Мицкоски вели дека потребите за струја ќе растат два и пол пати побрзо отколку вкупните потреби за енергија и Македонија тоа може да го искористи. Според него, проценките се дека во следните 10 години ќе недостасуваат 40 илјади теравати инсталиран капацитет на глобално ниво, па ако овие 6 држави имаат нови капацитети да произведат макар 0,1%, тоа ќе значи инвестиции од стотици милијарди евра.

Реклама

„Предлог ми даде и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски да ја брендираме со име SECI – Skopje Electricity connectivity initiative, така да ја именуваме и тука да го направиме тој прв кик оф состанок во којшто сите ние ќе предложиме проекти, коишто потоа ќе бидат дел од тој регионален пул на проекти којшто ние ќе го нудиме на странски инвеститори и да си дефинираме приоритети. Од наша страна овој е тимот, од албанска страна е друг тим, од српска страна е трет тим, Црногорска, Косовска, Босанско Херцеговска. Да формираме тимови, да се поделиме а на различни центри во светот и да го претставиме регионот тоа што ние го нудиме како регион во делот на инвестициите“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Паралелно на иницијативата за повеќе регионални енергетски проекти, Македонија активно работи на проширување на капацитетите за производство на струја. Фокусот е особено ставен на енергијата од обновливи извори. Оваа пролет на терен ќе почнат активностите за реализација на ветерен парк во општините Штип, Радовиш и Карбинци. Алказар ќе инвестира половина милијарда долари. Со ова, вели Мицкоски паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата дека оваа инвестиција ќе остане само на најави, а не на реализација.

„Еве да речеме инвестицијата на Алказар којашто молат Бога од опозицијата и медиуми блиски до опозицијата да не успее, па измислуваа дека си отишле, дека ја прекинале инвестицијата од половина милијарда долари. За нивно разочарување, а за добро на македонските граѓани. Таа инвестиција се случува и на пролет веќе на терен ќе почнат теренските активности. Веќе добија одобренија за градба. Така што јас можам со жалење да изразам дека опозицијата и политичарите од опозицијата ќе бидат разочарани што ќе се случи оваа инвестиција, но за граѓаните тоа ќе биде многу добро и многу корисно“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Интензивно се преговара за да се најдат инвеститори и за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и Бошков мост. Паралелно на ова, Мицкоски информира дека инвестициите во енергетиката ги вклучуваат и гасните електрани на турскиот холдинг Акса, интензивната изградба на гасниот интерконектор со Грција, негово продолжување до Србија и рестартирање на изградбата на далноводот од Битола до Елбасан во Албанија. На обвинувањата на ДУИ за зголемен увоз на струја во земјава, Мицкоски вели дека е точно дека во одредени делови од годината се увезува, но партијата заборавила да спомене и дека државната ЕСМ во ноќните часови извезува струја. Тоа значи приходи и до 150 илјади евра дневно. Според него, нормално е да се купува струја кога е евтина, а да се продава по повисоки цени за да се заработи. Уверува дека ЕСМ е на пат за финансиски  да се консолидира, по годините лошо раководење од страна на претходната власт.