Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Македонија

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција.

– Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ, тие одлучиле дека такво раководство заслужуваат. Не сум импресиониран од ова раководство. Напротив, сум разочаран затоа што ценам дека овие луѓе не можат да бидат конструктивна опозиција и додадена вредност на политичката сцена и дека ќе продолжат со конструкции, измислици, ниски странски, дневни навреди…., изјави денеска Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.

Според Мицкоски, локалните избори, што треба да се одржат за 10-тина месеци, ќе бидат тест за новото раководство на СДСМ.

Реклама

– Јас би сакал да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но за жал морам да констатирам дека не сум импресиониран, рече Мицкоски.

На вчерашниот 30-ти конгрес на СДСМ беше избрана Фани Каранфилова Пановска за нов заменик претседател на СДСМ. На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати, беше избран и Централниот одбор на партијата, а до крајот на неделата се очекува да биде избрано целото ново раководство на партијата.