Реклама

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Македонија

Мицкоски: Првичните обиди на ДУИ за дестабилизација се осуетени и сега преминуваат кон помека реторика

Најавата за мобилизација на членството на партиите од Европскиот фронт и суптилните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата за мобилизација на членството на партиите од Европскиот фронт и суптилните закани завиени во реченицата „да му го покажеме местото на Мицкоски“ не ја плашат власта. Разобличен беше планот на ДУИ за дестабилизација на Македонија, па сега Агхмети и неговите блиски ја омекнуваат реториката, смета првиот човек на македонската Влада.  Според Мицкоски секој има право на протест, но порача дека ако протестите преминат во насилство, надлежните жестоко ќе одговорат.

„Полека, но сигурно, се навикнува да биде во опозиција. Жалам што Али ги споредува својата партија и членовите со гума за спасување, очекував поголема креативност . Се надевам дека партијата ДУИ ќе се реформира и ќе има подобар пристап, наместо досегашните „крадење и пакости кои ѝ биле главен приоритет на партијата“.Европскиот фронт не успеа во првичните обиди за дестабилизација, па сега преминува на помека реторика, односно на граѓански протести. Секој има право на граѓански протест и дека тоа е убавината на демократијата.  Ако протестите преминат во насилство, тогаш мораме да ги одбраниме институциите“ потенцираше Мицкоски.

Министерот Арбен Таравари, чија коалиција доби покана од опозицијата, да се приклучеле на фронтот за борба против како што рекоа, антиалбанската кампања на Мицкоски, само кратко рече дека ДУИ полека се адаптира на новосоздадените услови по изборите.

Реклама

„Ахмети полека се навикнува да биде во опозиција, се надевам дека ќе се навикне уште подобро, само треба адаптација, ништо друго“, рече Таравари.

Европскиот фронт најави дека овој месец ќе оди на терен да ги собира симпатизерите за протести во ноември бидејќи Албанците со оваа власт биле понижени, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекоа националсти, а ВРЕДИ слепи послушници на Мицкоски.