Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Прилози

Мицкоски: Проектот „Градски воз“ е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град

До крајот на годината градскиот воз во Скопје ќе стане реалност. Проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годината градскиот воз во Скопје ќе стане реалност. Проектот е од исклучително значење за главниот град и приградските општини, а првата фаза веќе е започната вели премиерот Христијан Мицкоски. Очекувањата на Владата се дека со овој железнички превоз значително ќе се растовари сообраќајот во Скопје и драстично ќе се намали користењето на патничките моторни возила, бидејќи возот ќе биде брз, удобен и достапен за граѓаните од околните и приградските општини.

„Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација ќе се обраќа електрична локомотива, електричен воз и 360 милиони денари е вредноста на проектот“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, вели дека освен што ќе се намали метежот во сообраќајот, со овие проекти ќе се намали емисијата на штетни честички во воздухот. Градскиот воз ќе ги поврзе Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, па и дел од приградските општини.Според планираното би се сообраќал на 15 до 30 минути, со едноставни карти и јасен ред на возење. Влегуваш, седнуваш и излегуваш.

Реклама

„Првата делница е од Зелениково преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, Аеродром до центар на Скопје практично, главна железничка станица. Втората делница е од Миладиновци Илинден до Маџари, до главната централна железничка станица, а третата делница е од таа централна железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково. Отприлика ова ќе биде рутата и цениме дека на овој начин ќе се растерети сообраќајот во Скопје” изјави премиерот.

Првата фаза на градски воз од Зелениково до Центар е во должина од 24,5 километри и чини 5,7 милиони евра. Втората делница од Драчево до Илинден која е во должина од 7,7 километри и чини 3 милиони евра.