Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Постапката за разрешување на Коцевски ќе потрае, Владата ја почна процедурата, утре на дневен ред на владина седница

Владата цврсто стои на ставот за разрешување на Љупчо Коцевски. Според најавите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата цврсто стои на ставот за разрешување на Љупчо Коцевски. Според најавите од Илинденска, на утрешната седницата најверојатно ќе се усвои предлогот за разрешување на Републичкиот обвинител, кој го спрема Министерството за правда, па оттаму ќе биде доставен до Советот на јавните обвинители. Дека процедурата нема да оди брзо потврди и премиерот Мицкоски.  

  • „Законот е јасен, не можеме ние како влада да го разрешиме државниот јавен обвинител, туку ние можеме да отпочнеме постапка за негово разрешување, сега како што јас имам информација, треба да се испрати дописот до Советот на јавни обвинители, па таму во рок од 15 дена да чекаме мислење, така што оваа процедура ќе потрае, истакна Мицкоски.

Според досега објавеното, Владата бара разрешување на Коцевски поради нарушен углед на обвинителството, низа скандали, нарушена функционаност и незаокнско постапување и корупција, неефикасност и повреда на самостојноста на обвинителите.

Обвинителскиот совет има рок од 15 дена да се произнесат. Ако во тој рок обвинителскиот совет, поради оправдани причини не го достави мислењето до Владата, имаат време уште 15 дена да кажат дали републичкиот обвинител сторил тешка дисциплинска постапка, како што смета извршната власт. Ако воопшто не одговорат на предлогот на Илинденска, процесот за разрешување на Коцевски продолжува во Собранието, каде извесно е дека пратениците ќе го разрешат.

Реклама

Во законодавниот дом ќе треба да се избере и нов републички обвинител, но засега за наследник на Коцевски не се разговарало во владината коалиција. Сите партнери се согласни дека треба да биде професионалец, кој ќе ја врати довербата во правудството, што е и повеќе од катастрофална.