Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски: Предвидени се 350 капитални проекти од општините, само во секторот транспорт

Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, одговарајќи на новинарско прашање колку проекти се предвидени од транспортот и инфраструктурата, при отпочнувањето на првата фаза за капитални проекти од општините, информираше дека вкупно 350 проекти се предвидени, вклучително со дополната којашто треба да се случи до средината на месец ноември. Средствата кои ќе бидат наменети само за секторот транспорт се повеќе од 2 милијарди денари.

-Во тотал со оние проекти кои очекуваме да бидат дополнети до кај 15 ноември, ќе ја заминеме бројката 350. Минус една општина којашто за жал конкурираше со проект кој е во фаза на изградба на избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме. Жалам што така одлучи раководството на таа општина, градоначалникот. Во секторот транспорт, мислам дека е повеќе од 2 милијарди денари. Мислам дека 2 милијарди и 400. Таму ќе има нови улици, водоводи, канализации, булевари навистина ќе биде нешто коешто досега не се случило. Епски проект, она коешто им е битно на граѓаните, истакна премиерот Мицкоски.

Премиерот подвлече дека фокусот на Владата е да работи за интересот на граѓаните, не како што работеше претходната Влада, којашто го гледаше својот интерес.

Реклама

-Наш интерес се граѓаните, ние работиме за нив. Не работиме како што работеше претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ, да го гледаш својот интерес, па сега во опозиција ќе си пишуваме писменце, туку работиме за интересот на граѓаните. Тоа е она коешто е наш фокус ние не го губиме времето во пишување писменца, туку во работа и така и ќе продолжиме, додаде премиерот.