Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски пред Кошта: Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции – патот е фрустрирачки, а уште не почнал

„Треба да го испорачаме она за што сме се договориле и веќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Треба да го испорачаме она за што сме се договориле и веќе нема простор да се бара нешто повеќе“, одговори Кошта на прашањето какви гаранции дава ЕУ за Македонија во однос на евентуални барања од Бугарија.

На ова одговори и премиерот Христијан Мицкоски.

-Кошта го пренесе ставот на ЕУ. Предлог потпишан во 2022-ра година од претходната Влада на СДСМ и ДУИ така што се суспендираше Парламентот затоа што за да се случи промена на Устав се потребни две третини. Знаете на каков начин се прифати тоа што се прифати. Нашиот став е јасен и принципиелен – ние тоа не можеме да го прифатиме без да видиме добра волја и испорака од соседната страна. Не можеме ние да менуваме Устав по којзнае кој пат, а без да имаме јасна порака и испорака од бугарската страна. Никој кај нас нема проблем да како дел од преамбулата ги вметне Хрватите, Црногорците, Словенците и останатите. Затоа што имаме принципиелен однос со тие држави. Дури ни Португалците, Шпанците, Французите. Немаме ние таков проблем, не сме таква Влада, такви граѓани или таков народ. Но имаме проблем и затоа сакаме да разговараме за да го решиме тој проблем. Ова е двонасочна улица, ако испорачува едната страна континуирано, а другата ништо тогаш нема цел, нема поента, рече Мицкоски на заедничката прес-конференција со Кошта.

Реклама

Рече дека ако испшорачаат и двете страни, тогаш може да се направи договор.

-Јас очекувам процес на двонасочна улица ако е тоа возможно. Доста ние како држава направивме во името на тие европски интеграции и во името на европската иднина. Менувавме знаме, менувавме име, устав како никој до сега. Да, фрустрирачки е патот и тежок, но за нас е исклучително фрустрирачки и тежок и уште не почнал. Уште се наоѓаме онаму каде бевме пред 20 години, посочи Мицкоски.