Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Мицкоски: Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Денеска во македонската влада двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во македонската влада двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија постигнаа историски договор со Владата на премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на платите на вработените во здравствениот сектор.

-Постигнат е историски договор. Освен корекцијата на коефициентите, зборуваме за зголемување за 10 насто на платите, од март месец следната година имаме зголемување за нови 5 проценти. Добиваме зголемување на паричната маса од 40 до 50 проценти во следните неколку години, изјави на прес-конференцијата претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски, кој изрази огромно задоволство што може да биде дел од овој историски настан, како и до синдикатите кои со свои идеи учествуваа во реализацијата на овој чин.

-За првпат во историјата се постигнува ваков договор кој на долг рок ќе ги корегира платите на здравствените работници, изјави Мицкоски.

Реклама

Огромно задоволство изразија и двајцата претставници на репрезентативните синдикати на здравствените работници, кој овој историски чин го оценија како резултат на работата на двата синдиката, премиерот Мицкоски, министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и директорот на Фондот за Здравство Клековски.

-Договорено е покачување на платите ќе биде силна мотивација за здравствените работници, но и прв чекор во подобрувањето на здравтвената грижа за сите граѓани, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на клинички центар