Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Мицкоски: Последнава година бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за преку 10.000

Последнава година бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последнава година бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за преку 10.000, порача денеска од Охрид премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање како им помага Владата на економијата и работниците.

Мицкоски потсети на досегашната финансиска поддршка, но се осврна и на колективните договори. 

-Што се однесува до до она што го направивме – Владата субвенционираше. Ќе ве потсетам. Некако, како тоа да се заборави. Околу 250 милиони евра заем во услови на најголема криза за стопанството за да можат работниците да ги сочуваат своите работни места. Во екот на најголемата криза. И кога на тие 250 милиони евра ќе се додадат уште толку од комерцијалните банки, се доведовме во состојба да сме држава со најниска каматна стапка која стопанството ја користи во заемите и во развивањето на своите бизниси, а притоа и зголемувањето на бројот на работни места што впрочем го потврдува и Државниот завод за статистика кој недвосмислено кажа дека во последните година дена бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за повеќе од 10.000, потенцира премиерот кој присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар.

Реклама

Владата, како што посочи Мицкоски, ќе продолжи да гради добри односи, партнерски односи со оние институции кои практично, како што рече „се наши колеги“.

-Тука се колективните договори во здравството, колективните договори во образованието, колективните договори во администрацијата, во МВР, во одбраната,… така што ние со 95 отсто, би рекол можеби и некој процент повеќе од нашите колеги ги имаме регулирано односите до крајот на мандатот на оваа Влада, а тоа е 2028 година. И ќе продолжиме во таа насока да се движиме и така да се однесуваме, потенцира премиерот.

Мицкоски ќе изврши и увид на градежните активности на плоштадот „Кај Чинарот“, како и увид на проектот за пумпната станица „Метропол“, а е придружуван од вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.