Реклама

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Македонија

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница

Значајни средби за продлабочување на економската соработка. Во рамки на Минхенската безбедносна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значајни средби за продлабочување на економската соработка. Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Мицкоски имаше продуктивна средба со специјалниот пратеник на американскиот претседател за специјални мисии Ричард Гренел. По разговорот Мицкоски рече дека ​САД остануваат наш најголем поддржувач и стратешки партнер. Според него, во време на глобални предизвици, зајакнувањето на ова партнерство е од клучно значење за националната безбедност и економскиот напредок на Македонија.

Премиерот Мицкоски се сретна со својот колега од Холандија, премиерот Дик Схоф. Мицкоски вели дека Схоф потврдил дека Македонија има силен сојузник во Холандија за нашиот евроинтегративен пат, базиран на реални резултати и реформи. Се разговарало за холандските инвестиции кои веќе се присутни со свои производствени капацитети во Македонија, за можноста за поголема соработка и инвестиции на холандски компании во сферата на здравството.

„Добивме јасна потврда дека Македонија има силен сојузник во Холандија за нашиот евроинтегративен пат, базиран на реални резултати и реформи. Разговаравме за холандските инвестиции кои веќе се присутни со свои производствени капацитети во Македонија, исто така и за можноста за поголема соработка и инвестиции на холандски компании во сферата на здравството. Продолжуваме да ја градиме Македонија како атрактивна дестинација за европскиот капитал. Секоја нова инвестиција значи нови работни места и подобар стандард за нашите граѓани“, објави Мицкоски.

На агендата денеска, Мицкоски оствари средба и со претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт на Goldman Sachs Џеред Коен. Во фокусот на разговорите биле глобалните економски текови, геополитичките предизвици и позиционирањето на Македонија во новата економска реалност. Мицкоски ја истакнал јасната определба за реформи, фискалната стабилност и создавање конкурентна и предвидлива бизнис-клима. Според него, оваа средба е во насока да се изградат партнерства изградиме со највлијателните глобални финансиски институции.

Реклама

Мицкоски се осврна и на говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио кој истакна дека САД се длабоко поврзани со Европа, но и дека е време за промени, бидејќи стариот свет во кој растеле сегашните генерации политичари веќе не постои. Премиерот смета дека пораките на Марко Рубио се јасен сигнал за сите сојузници дека светот веќе не функционира по старите правила, а Македонија останува посветено да го зајакнува своето место во трансатлантската заедница, да одговори на предизвиците, да ја модернизира одбраната и да обезбеди сигурна иднина за граѓаните.

– Морам да потенцирам дека пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио се јасен сигнал за сите сојузници – светот веќе не функционира по старите правила, а иднината ќе ја градиме преку сериозност и взаемно почитување. САД и Европа остануваат нераскинливо поврзани, а како Влада продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме одбраната и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани – истакна Мицкоски.

Претпладнево премиерот оствари средба и со Ted Deutch, извршен директор на Американскиот Еврејски Комитет, една од највлијателните организации која со децении работи на јакнење на демократските вредности и унапредување на трансатлантските односи. Тој разговарал за продлабочување на соработката, заеднички иницијативи во насока на заштита на човековите права, унапредување на меѓурелигискиот дијалог и градење општество засновано на почит, толеранција и слобода.

Владина делегација веќе втор ден е во Германија на Минхенската безбедносна конференција. Вчера Мицкоски се сретна сопретседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и ја потенцираше силната определба на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни условувања. Меѓу другото, во фокусот на разговорите биле и можностите за нови странски инвестиции, пакет од 100 милиони евра за вештачка интелигенција и енергетика.

Мицкоски оствари средби со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“ и унгарската „Фор ај џи“ кои се веќе присутни на македонскиот пазар.