Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Прилози

Мицкоски побарал од Тошкоски жестоко да одговори за да не се повтори дивеењето со палење гуми, блокади и закани

Протестите кои беа синоќа организирани поради одземање на возила без возачка дозвола…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протестите кои беа синоќа организирани поради одземање на возила без возачка дозвола или нерегистрирани, предизвикаа остра реакција од премиерот. Мицкоски побарал полицијата жестоко да одговори за дивеењето. Група граѓани во Прилеп, Битола, Струмица, Штип и Кочани протестира со палење гуми, отпад и дрва. Имаше и блокади на коловозите.

„Разговарав утрово со Министерот за внатрешни работи, и она што го побарав од него да биде за секој оној кој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните жестоко да се одговори. И ќе биде одговорено жестоко за да не се повтори тоа дивеење од вчера.“- вели премиерот Христијан Мицкоски.

Апсурдните барања од протестите стигнаа и до закани дека ќе се блокираат автопатите поради тоа што државата не им дозволува да возат без возачка дозвола.

Реклама

Возењето без возачка дозвола директно го загрозува сообраќајот и треба да биде строго санкционирано, сметаат експертите. Тие се децидни дека продобивките од системот „Сејф Сити“ се огромни бидејќи значително ќе влијаат на подобрување на сообраќајната култура, а со тоа ќе се намали бројот на сообраќајни незгоди и жртви.

„Придобивките од „Сејф Сити“ треба да бидат спасување пред се на човечки животи и намалување на жртвите односно на бројот на жртвите во сообраќајот. И реално тоа е проект на што на сите треба да ни е од големо значење затоа што сите на некаков начин учествуваме во сообраќајот.“

„Управување на моторно возило без возачка дозвола насекаде во светот е казниво дело, така треба да биде и кај нас затоа што мораме да работиме на намалување на жртвите во сообраќајот. Не смееме да си дозволиме повеќе губење на човечки животи заради неодговорно однесување на одредени лица во сообраќајот.“- вели сообраќајниот инженер, Младен Јаневски.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека примената на системот „Безбеден град“ веќе дава конкретни резултати.

„Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 36 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 590 прекршоци, а за нерегистрирани возила 24 прекршоци. При тоа изречени се вкупно 61 забрани за управување на моторно возило.“- се вели во соопштението на МВР.

Според статистиките бројот на жртви во последните два месеци од сообраќајни незгоди споредено со лани истиот период е намалено од 11 на 4, а за 32% е намален бројот на повредени.