Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски по враќањето од САД: Добиваме поддршка од сите страни, сите ги разбираат македонските аргументи

Преку пркос да ја покажеме вистинската вистината за Македонија, насекаде во светот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку пркос да ја покажеме вистинската вистината за Македонија, насекаде во светот ќе се трудам да се борам за Македонија и подобар живот на македонските граѓани  вели премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Вашингтон. Toj оцени дека и оваа посета на САД била плодна, и сигурен е дека Македонија како држава влегла во „оптиката на луѓето кои имаат најгласен звук во светот“.Очекувањата на премиерот се дека наскоро следат добрите резултати да бидат видливи, интензивни и големи.

“Нашата амбиција е таква да се обидеме да преку пркос ја прикажеме она вистинска вистина која што нас, Македонците посебно а и граѓаните во Македонија не боли, затоа што тоа е вистината која што ја чуствуваме сите ние и таа создава една фрустрациуја. Ќе продолжиме да се бориме и понатаму, се додека нормално се занимаваме со оваа работа и се додека ја предводам владата, насекаде во Светот ќе се трудам да се борам за вистината за Македонија и подобар живот на македонските граѓани”, појасни премиерот.

Мицкоски ја потенцираше и големата меѓународна поддршка на Македонија, но вели дека камен на сопнување на евроинтегративниот пат е само една европска членка која ја кочи државата за влез во Унијата.

Реклама

“Добиваме од сите страни конкретна поддршка, сите ги разбираат нашите аргументи, сите позади завеса застануваат и стегаат рака и велат таа е вистината, доста е од двојни стандарди, потребно е да одите напред, но за жал има некои земји членки во ЕУ, една земја членка во ЕУ која што наместо да работиме во 21-от, 22-от век да се враќаме назад во средновековието и во 11-от и 12-от век. Од прилика таа е реалноста, инаку апсолутно добиваме подршка и сите буквално со симпатија гледаат кон оваа малубројна земја во срцето на Балканот со прекрасни граѓани”, изјави Мицкоски.

За само еден месец Мицкоски имаше две посети на Вашингтон, а вкупно три за помалку од една година. Честите посети на премиерот во САД се доказ за добрите билатералните односи помеѓу Скопје и Вашингтон, ова го потврдуваат експертите.

Претседателот на Владата во петок на 28 февруари заминува во Истанбул на средба со претседатлот Реџеп Таип Ердоган, а неколку дена подоцна ќе учествува на меѓувладина конференција во Будимпешта.