Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот процес. Разговорите од таму ќе бидат клучни за подготовка на писмото со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. Писмото кое ќе биде испратено со сите инволвирани а ќе ги потврди  недвомислена воља за дијалог, реформи и изнаоѓање решение – дефинитивно ќе биде завршено откако македонската делегација ќе се врати од Берлин.  

  • „Писмото е во подготовка. Патувам утре во Берлин, има состанок на Берлинскиот процес, ќе разговарам со голем број од европските политичари и сакам пред да го испратам писмото и содржината, да имам уште малку повеќе јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме“, рече Мицкоски на вчерашната прес-конференција.

Додека владата е на ставот дека има простор за подобрување на македонските позиции во евроинтеграциите и за тоа бараат конструктивност, за опозицискиот лидер Венко Филипче тоа се манипулации за да ја закочат иднината на земјата.

  • „Ако очекуваат дека СДСМ наивно ќе даде поддршка на идеи кои значат понатамошни блокади, решенија во кои никој не верува освен тие самите во Белата палата, тогаш се излажале. Ние нема да бидеме параван за нивните пропаднати политики. Нека покажат лидерство, нека покажат храброст и најважно од се, нека покажат искреност“, рече Филипче.

Премиерот не се согласува со тоа дека нема реална можност Македонија да дојде до поддршка од Брисел за интеграциите без диктати.

Реклама
  • „Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции. Ако не се смени преговарачката рамка тогаш најдобро е да прифатиме сè што бараат соседите, да се избришеме, и тогаш ќе бидеме најсреќни? Така јас не водам политика. Ако некој друг така водел политика во минатото, да ги ограбува граѓаните и да се самоизбришува, тогаш тие беа поразени пред 4 месеци“ – рече Мицкоски вчера на прес конференција во Владата.

Мицкоски порача дека е подготвен во кое било време да ги продолжи разговорите со Бугарија за надминување на блокадите. Сепак тој нагласи дека во никој случај нема да прифати преговори преку диктат и условувања, туку процес кој ќе биде базиран исклучиво на аргуументи и почитување на Копенхашките критеиуми.