Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Мицкоски: Партнерството со Унгарија е суштинско и засновано на доверба и заеднички вредности

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, се обрати на настан во организација на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, се обрати на настан во организација на Mathias Corvinus Collegium, каде што зборуваше за значењето на лидерството, визијата и храброста во време на сериозни европски и глобални предизвици.

Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека силните држави се градат врз јасни политики, стабилни институции и доследна заштита на националните интереси.

Тој ја посочи Унгарија како пример за држава која, како што наведе, со јасна визија и силно лидерство успева да обезбеди економски развој, стабилност и зачувување на идентитетот. Според него, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, покажува лидерство и храброст во носењето одлуки во интерес на својата држава, придонесувајќи за стабилноста на регионот и Европа.

Реклама

Мицкоски нагласи дека партнерството меѓу Македонија и Унгарија не е само формално, туку суштинско и засновано на доверба, заеднички вредности и конкретна соработка.

Тој изрази благодарност за поддршката што Македонија ја добива од Унгарија, оценувајќи дека таа е искрена и континуирана и има значајна улога во продлабочувањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: