Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

🎥 Мицкоски: Ова е уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава

Премиерот на Владата Христојан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Владата Христојан Мицкоски присуствува на почеток на изградба на гасоводниот интерконектор со Грција. Ова е стратешки енергетски проект од големо национално и регионално значење.

На свечениот настан со кој симболично е означен почетокот на изградбата на интерконекторот за пренос на природен гас меѓу Македонија и Грција – свое обраќење имаше претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски.

– Денес отпочнуваме со уште една капителена инвестиција за државта. Денес не го поставуваме само почетокот на изградба на еден гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. Она не е само инвестиција во цевки и бетон туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава. Во нејзиниот целокупен економски развој и во најзината просперитетна иднина, изјави Мицкоски.

Реклама

Премиерот истакна дека преку реализацијата на овој проект како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останатите наши соседи стануваме значајна енергетска крстосница.

– Очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред се за македонските граѓани и домашната економија, потенцира Мицкоски.

Овој стратешки проект се реализира со поддршка на Европската унија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

На настанот присуствуваа високи владини претставници и меѓународни партнери:

– г. Христијан Мицкоски, претседател на Владата;
– г. Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање;
– г-ѓа Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини;
– г. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија;
– г-ѓа Софиа Филипиду, амбасадорка на Грција;
– г-ѓа Ангела Агилер, амбасадорка на САД;
– г. Фатих Туркменоглу, шеф на Канцеларијата на ЕБОР;
– г. Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ;
– г. Мухамет Елмази, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.

По обраќањата следеше симболичен чин со кој се означени почетокот на изградбата на гасниот интерконектор.