Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски: Охрабрувачки е порастот на извозот во првите два месеца

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од порастот на извозот во првите два месеца од годинава, што, според него, е охрабрувачки бидејќи не дошло до намалување иако имало одредени стравувања. 

– Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика извади еден податок, кој е, би рекол, охрабрувачки, но тоа е за првите два месеца, за јануари и за февруари, пред да почне кризата. Практично, во февруари се нивелира она што се пропушти во јануари поради протестот на превозниците. Во февруари имаме пораст на извозот за приближно 12 проценти во евра во споредба со претходната година и речиси 10 проценти увозот е зголемен во евра во споредба со истиот период минатата година – рече Мицкоски.

Според него, се земат предвид првите два месеца и извозот и увозот растат со истата динамика од 2,4 проценти.

Реклама

– Тоа значи дека немаме намалување како што постоеше стравување, туку имаме зголемување. Но, тоа се однесува на првите два месеца. Сега ќе видиме какви ќе бидат следните месеци – март, април – и во зависност од тоа колку ќе биде длабока кризата, така и ние ќе се однесуваме – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на почетокот на реализација на проектот за реконструкција на улици во општина Аеродром.